Одбележување на 26 Септември – Денот на Европските јазици

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Денес во нашето училиште со учениците од прва и втора година од
билингвалните паралелки се одбележа 26 Септември – Денот на Европските јазици.
Пред Гимназијалците, на забавен и креативен начин, учениците од овие паралелки
подготвија неколку активности: интерактивен квиз, штафелаи со игра меморија, како и
хамер со мапа на Европа на кој учениците од Гимназијата ја одбележаа земјата во која
биле и на истиот запишаа по неколку збора на јазикот од таа земја. На настанот
учениците имаа можност да се фотографираат со изработените реквизити поврзани со
традицијата и културата на повеќе европски земји, изработени од учениците од
билингвалните паралелки во Гимназијата. Преку овие активности, учениците од
билингвалните паралелки им посакаа на своите соученици преку учење, дружење и
забава да уживаат во активностите, да бидат љубопитни и мотивирани да научат нови
зборови и да се приближат до луѓе од други земји, до нивните култури и традиции.
Колку што е важно учењето и знаењето на другите јазици, толку е важно и да не го
забораваме нашиот мајчин јазик. Тој е дел од нашата историја, култура и идентитет.
Настанот се реализираше под менторство на професорите од стручниот актив по
Мајчин јазик и странски јазици: Благица Аризанова Шопов, Билјана Миланова, Весна
Павлова и професорката по Ликовна уметност, Јулијана Михова.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den