Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Една од значајните придобивки која е исклучително значајна за
образовниот и духовниот напредок на еден народ, е можноста да се образува и
творечки да се изразува на својот мајчин јазик. Значењето на мајчиниот јазик
како движечка сила за културниот развој на секое општество ќе го препознае и
меѓународната организација Унеско која на XXX седница на Генералната
конференција одржана во 1999 година го прогласува 21 февруари за
меѓународен ден на мајчиниот јазик.
Токму, со поддршка на Унеско, секоја година на овој ден преку различни
манифестации и активности се прославуваат повеќе од шест илјади јазици кои
како мајчини се зборуваат денес во светот.
Учениците од нашата Гимназија достојно го одбележаа денот на мајчиниот
јазик преку искажувања на мисли за јазикот и претставување на поезија
создадена на македонски јазик.Со свои говори и цитати посветени на
македонскиот јазик се претставија учениците: Ана Бошкова, Јана Пљокова,
Милена Димова, Гордан Кимов Теодора Панова, Ива Илиевска, Нина
Митевска, Катерина Здравева и Марија Манева.Во музичкиот дел настапија
учениците: Филип Настов, Ива Ракиџиева и Михаил Петковски.
На наше големо задоволство, ова чествување беше збогатено со
гостувањето на Десанка Николова, некогашна ученичка на Гимназијата, која
денес е афирмирана македонска поетеса. Со својата поезија создадена на
нашиот убав и строен мајчин, македонски јазик, таа го збогати одбележувањето
на овој ден.
Кон присутните се обрати и Соња Карбева, исто така некогашен ученик,
а денес и професор по Македонски јазик и литература во Гимназијата,која по
подолг временски период повторно почна да создава поезија.Токму тоа е доказ
дека љубовта кон јазикот и кон литературата треба да останат вечен пламен во
нашите срца. Само преку чување и негување на мајчиниот јазик, го чуваме и
негување на она што е најсвето, нашиот најважен идентитетски белег.
Искрено добредојде, на овој значаен ден, им посакавме на учениците од
деветто одделение од основното училиште: „Кирил и Методиј, „Васил
Главинов“ и „Блаже Конески“. Со надеж дека во иднина ќе бидат наши ученици,
ги поканивме и самите да бидат дел од активностите и манифестациите,
преку кои ќе го покажат својот талент и своите можности и способности.
Реализирањето на оваа активност беше координирана од професорите
по Македонски јазик и литература и професорот по Музичка уметност.
Програмата ја водеа учениците: Мила Јовановска и Кристијан Мартинов.
Пријатните мигови од оваа вечер со својот фотообјектив ги овековечија
учениците: Елена Стојановска и Никола Стојановски.Настанот го реализиравме
во пријатните простории на Европската куќа. Им изразуваме благодарност за
соработката и отстапениот простор.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den