Октомвриски ден посветен на благородната водилка во нашето живеење – книгата

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

И оваа учебна година еден октомвриски ден го посветивме на
благородната водилка во нашето живеење – книгата.
Искрено добредојде, во овој прекрасен октомвриски ден, им посакавме
на учениците од деветто одделение од основното училиште: „Кирил и Методиј,
„Васил Главинов“ и „Блаже Конески“.
Годинешново одбележување на „Месецот на книгата“ го отпочнавме со
сплет од мисли во приказна посветена на важноста на книгата и читањето. Низ
оваа активност деветтоодделенците ги водеше ученичката Ива Ракиџиева.
Денот посветен на книгата, беше збогатен со интересни интерактивни
активности со содржини од областа на македонската литература.
Активностите имаа натпреварувачки карактер. Содржините од овие активности
ги пренесоа учениците: Марија Манева, Дора Димова, Анамарија Костовска и
Сара Јордановa.
Кон учениците, деветтоодделенци, се обрати професорт Бошко
Караџов, кој како автор на неколку издадени книги ги запозна учениците со
процесот на издавање на книгите и авторството.
На настанот, Гимназијалците:Ива Ракиџиева, Изабела Жабева, Катја
Зафирова, Јана Пљокова, Славјанка Андреев и Јана Трипуновска, ги запознаа
учениците од деветто одделение со подрачјата што се изучуваат во
гимназиското образование и можноста за продолжување на образованието на
сите високообразовни институции, области и професии. Со надеж дека во
иднина ќе бидат наши ученици, ги поканија да бидат дел од активностите и
манифестациите, преку кои ќе го покажат својот талент и своите можности и
способности.
Во музичкиот дел на програмата, настапија учениците: Ива Ракиџиева,
Матеј Богатинов, Кристина Станишева и Димитар Илиев.
Реализирањето на оваа активност беше координирана од професорите
по Македонски јазик и литература, Ликовна и Музичка уметност. Програмата ја
водеше ученичката Изабела Жабева.Пријатните мигови од
овој настан ги овековечи ученичката Сара Јорданова.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den