Во пресрет на Денот на жената 8 Март, а во организација на Општина Велес, денес на училиштниот базар на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта во градот, се изложија прекрасни изрботки од вредните раце на нашите гимназијалци.Учениците се подготвуваа под менторство на професорката по Ликовна уметност, Јулијана Михова. Голема благодарност и до професорката Благица Аризанова Шопов која се погрижи за изработката на постерот за штандот на кои беа изложени изработките на нашите ученици. Упатуваме честитки на сите жени, мајки, припаднички на женскиот пол по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.






