Остварена работна посета на Access групата во Пробиштип: Ден посветен на истражување, вештини и нови спомени

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на Програмата за меѓусебни, годишни посети на градовите каде се реализира Access  Програмата, овој викенд групата од Велес, оствари целодневна, активна посета на своите врсници од Пробиштип.

Во текот на посетата, учениците од двете групи го посетија манастирскиот комплекс во селото Лесново, сакрален објект изграден во XIV век и посветен на Свети Гаврил Лесновски. Преку интерактивни работилници и активности, создадени да поттикнат размислување и соработка, учениците од Велес и Пробиштип, поделени во тимови се впуштија во истражувачка игра на трагање на богатата историја на манастирот.

Освен запознавање со значајни историски и духовни вредности на манастирот, учениците имаа можност да го разгледаат и единствениот Музеј на ретки минерали во државата, лоциран во Пробиштип. Љубопитноста на учениците беше дополнително поттикната со учество во практична работилница каде научија да ги идентификуваат и истражуваат уникатните својства на разни полускапоцени камења и минерали, пронајдени во локалните рудници и целиот Осоговски масив. Учениците имаа неверојатно искуство да бидат и да бидат опкружени од милиони години стара геолошка историја.

Активноста беше заокружена со заеднички ручек и неформално дружење меѓу учениците и наставниците при што беа најавени и идни соработки меѓу двете  Access   групи.

Оваа посета совршено го отелотвори духот на  Access   програмата – градење мостови на пријателство и разбирање преку заеднички образовни искуства.

Access English Microscholarship програмата претставува едукативна иницијатива за изучување на англиски јазик и запознавање со амариканската култура. Програмата се спроведува во СОУ „Гимназија Кочо Рацин” – Велес, во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски држави.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den