Спортската сала во нови, идеални услови

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Денес на големо задоволство на двете училишта, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“, отпочна реализацијата  на наставата по предметот Спорт и спортски активности во спортската сала која што е целосно реконструирана. Спортската сала и соблекувалните овозможуваат современи услови за реализација на наставата по Спорт и спортски активности, како и реализација на низа рекреативни спортови. Во рамките на свеченото отворање на салата беше одигран спортски натрпревар во одбојка помеѓу екипите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ кој значи понатамошна реализација на низа спортски натпревари и активности кои се предуслов за здрав и правилен развој на младите генерации. За учениците се обезбедени и шкафчиња во кои ќе можат да ги оставаат својата спортска опрема  и училишниот материјал.

На наше големо задоволство, на овој настан присуствуваше и  градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, кој го проследи натпреварот меѓу двете екипи.

На учениците и професорите им посакуваме многу спортски успеси во меѓукласните натпревари, како и успеси во натпреварувањата   на општинско, регионално и државно ниво.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: