ОТВОРЕН ДЕН НА ГИМНАЗИЈАТА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Отворениот ден на училиштето е можност учениците од Гимназијата
„Кочо Рацин“ да ја покажат својата креативност и способност во различни
области пред потенцијалните гимназијалци.
На 14 мај 2024 година, бевме срдечни домаќини на големиот број посетители
кои дојдоа во нашето училиште. Учениците од прва до четврта година го
покажаа својот талент од областа на: музиката, спортот, ликовно-творечката
уметност, литературата, странските јазици, општествените и природните науки,
математика и информатика. Се истакнаа посветеноста и мотивираноста на
Гимназијaлците кои секогаш резултираат со успех преку учество во
натпревари, квизови, литературни конкурси, спортски активности, театарски
претстави, ликовни изложби, музички настапи, работата на повеќе проекти.
Предизвик за идните Гимназијалци е отворањето на билингвална паралелка со
настава на два јазика, на мајчин македонски и англиски јазик.Билингвалната
паралелка за учениците отвора многу можности и перспективи, учество во
голем број проекти и активности надвор од наставата.
Целиот настан беше одбележан со настапот на училиштниот музички бенд кој
на гостите им овозможи пријатно расположение.
Пораката до деветтоодделенците дека најдоброто место кадешто треба да
го продолжат своето понатамошно образование е Гимназијата, им упатија
актерите, а истовремено и поранешни ученици на Гимназијата: Стефан
Николовски, Филип Христовски и Кире Ацевски. Тие ја истакнаа важноста и
можноста на гимназиското образование за проодност кон сите факултети.
На Отворениот ден на Гимназијата присуствуваа и претставници од
повеќе државни и приватни факултети од Републикава. На тој начин ја
постигнавме и втората наша цел да го олесниме патот до изборот на
понатамошното образование на годинeшнава генерација матуранти. Тие имаа
можност директно да комуницираат со претставниците од голем број факултети
во нашата земја кои беа наши гости и на учениците матуранти им нудеа
информации потребни за нивното студиско образование.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den