ПАРТИЦИПАТИВНО ЛИДЕРСТВО И ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ
{besps}stories/ucebna2018_2019/liderstvo_/sliki{/besps}
Обуката ја следеја 15 ученици од I, II, и III година: Елена Ивчева, Ивана Кичукова, Јована Јовановска, Марија Недева, Дина Мирова, Михаела Панова, Павел Јовев, Бојана Мачавеловска, Давор Давчевски, Давор Наумоски, Флора Реџепи, Николина Грујова, Марија Ќимова, Марија Илиева и Ева Стојановска.
На обуката беа реализирани следниве активности: вежба за запознавање, кутија на идеи, сложувалка, скала на учество според Роџер Харт, градење на мост, средношколско организирање проследено со симулација од учениците.
Низ овие активности учениците стекнаа вештини како да работат во тим, да преговараат со други страни, да користат ресурси, да бидат во позиција на лидери, како треба да функционира средношколската заедница, како да се поднесе барање до институциите коишто треба да решат реален проблем што ги засега.
На крајот од обуката, учениците направија евалуација, а претставниците на Фондацијата ги нававија следните обуки коишто ќе се реализираат во второ полугодие.
Училишен дефектолог, Ленче Перчинковска