По повод Денот на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ – Иванковци, беше распишан
литературен конкурс за учениците од основното и средното образование на
македонски и англиски јазик на тема „Мојот сон – мојот пат до успехот“ . Во
категоријата за ученици од средните училишта (поезија) првата награда и припадна на
ученичката Ива Ракиџиева од 2-4 клас, ментор Александра Стојановска. Ученичката
Елена Стојановска од 1-4 клас е наградена со две награди. Втора награда (проза) на
македонски јазик, ментор Весна Павлова и втора награда (проза) на англиски јазик,
ментор Соња Трајчева. Честитки за постигнатите успеси на нашите ученици!