„Подигање на собраќајната свест кај младите 2023“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Со цел унапредување на безбедноста на децата и младите во сообраќајот,
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и МВР неколку години наназад
реализираат едукативни предавања низ училиштата во нашата земја.
Во рамките на кампањата „Подигање на собраќајната свест кај младите 2023“ –
На матурска вечер бев автомобил“, на ден 15.5.2024 година во нашето училиште се
одржа предавање од страна на Александар Каракачанов, претставник од Републичкиот
совет за безбедност во сообраќајот.
Тој ги запозна учениците со основните правила и прописи важни за безбедноста
на учесниците во сообраќајот, како и со факторите кои придонесуваат за собраќајните
незгоди. Изложувајќи им примери преку видеа укажа и на последиците како резултат
на непочитување на собраќајните правила.
Учениците искажаа задоволство од одржаната средба, затоа што се запознаа и
добија насоки за значењето на нивната безбедност и безбедноста на другите во
сообраќајот.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den