„Подобрување на социо – економската инклузија на млади од ранливи групи преку младинска работа”

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на проектот „Подобрување на социо – економската инклузија на млади
од ранливи групи преку младинска работа” кој го спроведува Сојузот за младинска работа
во партнерство и со поддршка од регионалниот проект „Социјално вклучување на
ранливите групи на Западен Балкан” и глобалната програма „Спорт за развој”
спроведувани од германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), се реализира
акцијата „Активни млади Велес и Радовиш”.
Акцијата ја реализираа Зага Колодезни и Живка Панова Саздова, кариерни
советници за ProfillPASS и тренери по Спорт за развој.
Во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес се одржа практична работилница
во која беа вклучени учениците од програмата ACCESS од Велес, на која се промовираше
спортот за развој како алатка за компетенции кај младите, во овој случај тимска работа и
доверба.
ACCESS програмата е финансиски поддржана од страна на Амбасадата на
Соединетите Американски Држави, а се реализира во соработка со Македонскиот центар
за граѓанско образование (МЦГО) Скопје.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den