Посета на матурантите од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ на Државниот универзитет во Тетово

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
На 29 април 2025 година, на покана од Државниот универзитет во Тетово, учениците од  IV-5 клас при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ –  Велес  присуствуваа на отворениот ден и промоција на студиската програма. Претставувањето на факултетите започна во 11 часот пред самиот универзитет, а учениците ги проследија пунктовите на секој факултет: Економски, Правен, Педагошки, Факултетот за бизнис и администрација, Факултетот за земјоделство и биотехнологија, Факултетот за медицински науки, Факултет за прехранбена технологија и исхрана, Факултет за применети науки, Факултет за природно-математички науки, Факултет за уметности, Факултет за физичка култура, Филозофски, Филолошки факултет и Институт за екологија и технологија. Нашите учениците беа исклучително задоволни од љубезноста и достапноста на информации од универзитетските професори и присутни студенти, но исто така и од просторните услови и капацитетот на Увиверзитетот, а крајот на презентирањето заврши со аплауз со обраќањето на деканот проф. д-р Јусуф Зејнели.
Класен Раководител: Атанас Зафиров

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den