На седумнаесеттата Меѓународна научна конференција “Modern trends of physical education and sport”, која се одржа во ректоратот на универзитетот „Св. Климент Охридски” во Софија, Република Бугарија, активно учество земаа директорот Илија Попов и наставникот по Спорт и спортски активности, Зоран Јованов. Ова беше исклучителна можност Гимназијата да се претстави во меѓународни рамки, како и да се разменат знаења и добри практики во областа на спортската наука.







