Гимназијата „Кочо Рацин“ секогаш ги следи најсовремените техники и дигитални алатки
кои придонесуваат за поголема компетенција на наставниците, кога се во прашање
најновите пристапи во наставата. Во исто време тоа значи и полесен и посоодветен
пристап до информациите и од страна на учениците. Бидејќи живееме во време на
интезивна дигитална ера и наставниот кадар се прилагодува кон настава која во голема
мерка се служи со придобивките од дигитализацијата.Со таа цел беше спроведена и
обука за наставниците на тема „Примена на дигитални алатки за интерактивна и
персонализирана настава“. Акцент на обуката беше ставен врз промената на вештачката
интелигенција и интерактивната и ангажирана настава, како услов за подобрување на
дигиталните компетенции на наставниците.Обуката е акредитирана од страна на Бирото
за развој на образованието и истата беше реализирана од акредитиран провајдер за
обуки на наставници O3 Инвест – Скопје.
