Продолжување на соработката со Амбасадата на Соединетите Американски Држави

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во знак на продолжување на соработката со Амбасадата на Соединетите Американски Држави и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, преку координација со професорката Благица Аризанова Шопов, на 20 март, 2024 година,  наш гостин беше

г-дин Акрам Р. Елиас кој има над триесет и седум години професионално искуство во областа на меѓународните односи. Тој е  ко-основач и претседател на ‘Capital Communications Group'(„CCG“), меѓународна консултантска компанија која нуди различни услуги за државните и приватните клиенти во областа на јавната дипломатија, културната свест, стратешките јазични услуги, комуникациските стратегии и ориентации. Господин Елиас е и филмски продуцент кој го напишал оригиналниот текст за документарниот филм на ‘History Channel’ со наслов “Mr. Dreyfuss Goes to Washington“ и го копродуцираше со добитникот на Оскар Ричард Драјфус во 2001 година. Оттогаш се појавува во бројни документарни филмови за ‘History Channel’, ‘Discovery Channel’ и ‘Public Broadcasting System’, но и за меѓународните британски, канадски и германски продукции. Моментално работи на книга со наслов ‘American by Choice’. Добитник е на најголемото признание за неговата посветеност на „Големиот Експеримент“ – „Mедалот на Честа“ кое е официјално признато од двата Дома на Конгресот како една од најпрестижните награди на нацијата. Истото признание е доделено на седум претседатели на САД: потпретседателот Џо Бајден, судијата на Врховниот суд Сандра Деј О’Конор, нобеловците Ели Визел и Малала Јусафзаи, Корета Скот Кинг, Мухамед Али, Ли Јакока, Роза Паркс и др.На денешната средба господин Елиас говореше со учениците од четврта година за слободата на говорот, можностите и предизвиците на младите и нивните способности да ја креираат и менуваат иднината на земјата.

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den