ПРОЕКТ „ИНКЛУЗИВНИ ПАРТНЕРСТВА ВО ЗАЕДНИЦАТА“
На 15 февруари 2019 година, во нашето училиште се одржа втората обука од проектот „Инклузивни партнерства во заедницата“, на тема: „Застапување и лобирање“.
{besps}stories/ucebna2018_2019/inkluzija2/sliki{/besps}
На обуката земаа учество следниве ученици: Елена Ивчева, Ивана Кичукова, Јована Јовановска, Марија Недева, Михаела Панова, Лука Трајковски, Антонио Наковски, Павел Јовев, Давор Давчевски, Давор Наумоски, Флора Реџепи, Николина Грујова, Марија Ќимова, Марија Илиева и Ева Стојановска.
Обуката се состоеше од три сесии: во првата сесија учениците ги истакнаа своите очекувања од обуката, беа запознати со термините застапување и лобирање, за потоа секој ученик поединечно да ги истакне своите идеи и иницијативи кои недостигаат во рамките на училиштето.
Во втората сесија учениците се запознаа со мрежата на застапување и чекорите на застапување, за во третата сесија секоја група да изработи план за иницијатива од претходно истакнатите идеи и иницијативи.
Обучувачите на учениците им соопштија дека Фондацијата за образование и културни иницијативи „Чекор по чекор“, ќе реализира еден од плановите за иницијатива кој ќе биде реално одржлив на крајот од проектот.
Училишен дефектолог, Ленче Перчинковска