Проект „Промоција на безбедна училишна средина“ – работилница „Заедно против врсничко насилство“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во периодот од 4 до 11 декември 2024 година, во рамките на проектот
„Промоција на безбедна училишна средина“ во нашето училиште се одржаа
три работилници со ученици од прва, втора и трета година од страна на
врснички едукатори на тема: „Превенција и справување со насилство“.
Работилниците беа поддржани од проектниот партнер Прва детска
амбасада во светот Меѓаши, а нивни претставници имаа консултативна средба
со членови од Советот на родители од училиштето.
Во улога на врснички едукатори беа вклучени следниве ученици:Елена
Сараулева, Матеј Славески, Лилјана Андовска, Лили Божиновска, Елена
Наковска, Јана Пљокова, Јована Благодовска, Филип Јанев, Петар Коруновски,
Андреј Божиновски, Петар Миров, Константин Коцев, Албина Јашари и
Афердита Јонузи.
Според концептот за врсничка едукација, нашите врснички едукатори
ставија посебен акцент на подобрување и развој на капацитетите кај учениците
за препознавање на формите на насилство и испратија порака до своите
врсници: „Отворената комуникација е најдобриот и најбрзиот пат кој води до
ставање крај на врсничкото насилство“!

https://youtu.be/s0YMzBqlCW8

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den