Универзум, земјотреси и супер херои

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на активностите на Access Програмата, во месец ноември 2023
година, групата од Велес реализираше еднодневна посета на градот Скопје.
Активностите започнаа со посета на Планетариумот во Младинскиот културен
центар, каде се зборуваше за Сончевиот систем и Универзумот. Продолживме со
посета на Водно, уживајќи во природата и чистиот воздух, а потоа во
Сеизмолошката опсерваторија. Имавме можност да добиеме подетални
објаснувања за земјотресите и заштита од истите. Ни беа покажани интересните
мерни апарати, односно експонатите изложени во опсерваторијата. Денот ни
заврши со посета на кино Cineplexx, уживајќи во проекцијата на нов филм и
дружбата со Ассеss групата.
Access English Microscholarship Програмата е едукативно-образовна Програма за
изучување на англискиот јазик и американската култура, која се реализира во СОУ
„Гимназија Кочо Рацин” – Велес, во соработка со Македонскиот центар за
граѓанско образование (МЦГО), Скопје, а е финансиски поддржана од страна на
амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den