Учество на Гимназијалци во размена во Италија преку проектот findNANO од програмата ЕРАЗМУС+

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Учество на Гимназијалци во размена во Италија преку проектот findNANO од програмата ЕРАЗМУС+

Тамара, Јован, Панче, Даниела, Бојана, Дино, Ребека, Анета, Ања и Ангела неуморно го истражуваат НАНО светот.

– Колку е мал нанометарот? – Кои се природни наноматеријали? – Како функционира лотос ефектот?

{besps}stories/ucebna2018_2019/ERASMO/sliki{/besps}

 

Ученици од трите училишта: СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес; „Agrupamento De Escolas De Barcelos“ и „I. I. S. S. ERASMO DA ROTTERDAM“ – Никелино (Торино), ги истражуваа нанонауката и нанотехнологијата за време на краткотрајната размена на ученици во Торино – Италија, во периодот од 15 до 22 февруари 2019 година, преку проектот findNANO.

 

Проект findNANO – Мрежа за иновативен развој на НАНО во училиштата е европски проект за стратешко партнерство во областа на училишното образование во програмата ERASMUS +.

 

Самиот проект претставува стратешко партнерство кое вклучува размена на добри практики меѓу трите училишта: „I. I. S. S. ERASMO DA ROTTERDAM“ – Торино, Италија, „Agrupamento De Escolas De Barcelos“ – Барцелос, Португалија и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, Македонија.

 

Десет ученици и тројца наставници од секое партнер училиште учествуваа во еднонеделни активности со цел промовирање на нанотехнологијата како наука и придобивките од реалниот свет кои се создадени со проширување на оваа истражувачка област.

 

Учениците, заедно со своите наставниците, изведуваа лабораториски експерименти: природни наноматеријали, суперхидрофобни материјали (ефект на лотус), течни кристали, раствори и колоиди. Со учеството во овие активности, учениците имаа можност да забележат индиректни докази за присуството на наночестички во природните наноматеријали, растворите и колоидите, утврдувајќи дали одредени материјали поседуваат хидрофобна површина.

 

Учениците учествуваа во дискусии и дебати за социјалните, правните, етичките и безбедносните аспекти на нанотехнологијата. Преку работа во групи, учениците земаа активно учество во работилници во кои ги презентираа свои ставови за различните аспекти на нанотехнологијата.

 

За време на еднонеделната размена на ученици во Торино, беа реализирани следните активности:

 

  • Презентација на неделната програма и посета на училиштето;
  • Кратка презентација на Торино;
  • Добредојде од директорот на училиштето;
  • Презентации за нанотехнологијата и нанонауката;
  • Работилници: лабораториски експерименти – природни наноматеријали, суперхидрофобни материјали (ефект на лотус), течни кристали, раствори, колоиди;
  • Работилница за истражување на НАНО: скалата на работите во лабораториите – физика и хемија;
  • Евалуација на работилниците;
  • Работилница: „Алатки и активности поврзани со дијалог“;
  • Учество на учениците во дискусии и дебати за социјалните, правните, етичките и безбедносни аспекти на нанотехнологиите;
  • Посета на часови во училиштето;
  • Посети на локални научни институции и средба со експерти од различни области на нанотехнологијата;
  • Доделување на сертификати за присуство на сите наставници и ученици кои учествуваа на обуката во Торино;
  • Посета на Музеј на автомобили, Египетски музеј и Кино-музеј;
  • Посета на центарот на градот Торино и главните плоштади, Парк Валентино;
  • Посета на „Сакра ди Сан Микеле“ – симбол на Пиемонт и ски-центарот Бардонекија

 

Проектот го поддржува учеството на учениците во откривање на нано светот и нуди педагошки пристап преку развивање на креативноста и поттикнување на нови идеи кај учениците. Вклучувањето на нанотехнологијата во наставната програма ќе поттикне интердисциплинарно истражување на науката во наставниот план. Бидејќи нанотехнологијата е нова интердисциплинарна област, таа може да се вклучи во сите сфери на науката, хемијата, физиката, биологијата, математиката, еколошките науки и инженерството.

 

 

 

 

 

 

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: