ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА

Во рамките на Програмата Еразмус + и проектите во кои зема активно учество и нашето училиште, на 6 декември 2018 година, беше одржана дисеминација на искуствата и знаењата стекнати на обуката одржана во Прага – Чешка, во период од 21 до 25 мај 2018 година, на тема: „Иновативни пристапи во наставата“. На обуката учествуваа: Анѓелина Додов, наставник по физика и Елисавета Миткова-Жабев, наставник по психологија.

{besps}stories/ucebna2018_2019/Eraz_des/sliki{/besps}

 

Дисеминацијата ја одржаа истите наставници, кои ги запознаа наставниците на гимназијата со професионалните придобивки од истата обука. За време на дисеминацијата се реализираа неколку активности и работилници поврзани со модули и вештини на 21. век, работилници за критичко и креативно мислење, како и активности за разбивање на стереотипите и работилници за метаспознавање.

За време на дисеминација се споделија и разменија лични искуства, начини на предавање и комуникација со учениците, креирање на настава преку запознавање и користење на теоретски и практични модули и вештини на 21. век.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: