Избор на лого за проектот „Математички Лавиринт“
По јавниот конкурс за дизајн на логото за проектот „Математички лавиринт“ и јавното гласање на страната на Гимназија, избрано е идејното решение за логото на проектот „Математички лавиринт“ – Еразмус +. Избраното идејно решение е дизајн на ученикот Дино Јанакиев, ученик од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ I-5 клас. Честитки за ученикот, кој ќе биде учесник на конференција во една од партнерските земји на проектот во втората половина од реализацијата на проектот.
Одговорни за проектот „Математички лавиринт“