ФОРУМ ТЕАТАР НА ТЕМА „ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ФОРУМ ТЕАТАР НА ТЕМА „ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО“

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, во рамките на Програмата за мировно образование, во соработка со Министерството за образование, организираше обука за Форум театар за учениците од средните училишта: СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Шаип Јусуф“ од Скопје, на тема: „Врсничко насилство“.

Обуката се одржа во периодот од 17 до 19 јануари 2020 година во Солферно центарот на Црвен крст во Струга, а учениците од нашата Гимназија: Емира Хусовиќ, Емили Митревска, Христијан Гајдов од I-2 клас, Деспина Миланова од I-1 клас, Бојана Спасовска, Марија Недева, Никола Димовски од II-5 клас и Бојана Мачавеловска, Мери Спирова од III-5 клас, земаа активно учество при подготовката на овој Форум театар.

Пријатната атмосвера, доброто расположение и предизвикот наречен Форум театар, направија оваа обука успешно да се реализира, а учениците-учесници со нетрпение да ги очекуваат наредните средби на кои ќе можат да го претстават она што го поготвија на оваа обука.

Одговорeн професор:Цветанка Карамаркова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: