Почитувани ученици,
Ова е Јавен повик за пријавување на ученици кои сакаат да бидат дел од Програмата за изучување на англиски јазик ACCESS.
Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес започнува двогодишна програма за учење на англиски јазик ACCESS, финансирана од страна на Амбасадата на САД во Скопје, Република Северна Македонија, која ја спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО Скопје).
Програмата е наменета за ученици кои имаат желба, но досега немале финансиска можност факултативно да го изучуваат англискиот јазик. Доколку сакате да учествувате во Аксес програмата, потребно е да аплицирате.
Формуларот за пријавување можете да го симнете електронски од интернет страницата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес, да го пополните и пратите назад пополнет на следнава електронска пошта: [email protected]
или пак да го доставите во печатена варијанта кај Анита Смилевска, психолог во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.
Заинтересираните кандидати треба да се ученици во прва, втора или трета година во средно образование во Велес.
Овој Јавен повик трае шест (6) дена, почнувајќи од денот на неговото објавување, среда 2 октомври 2024 година, заклучно со понеделник, 7 октомври 2024 година.
Access Програмата ќе трае две учебни години: 2024/25 и 2025/26, а ќе се реализира во утврдени термини, во просториите на училиштето СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес.
Ги очекуваме вашите пријави.
GOOD LUCK!
Во прилог Апликацијата:
Student Application Form Access 2024_2026 (1)