Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ што го спроведува
Коалицијата на младински организации СЕГА, во соработка со детската фондација Песталоци од
Швајцарија и со поддршка на Министерството за образование, група ученици од втора година од
нашата Гимназија, во периодот од 1.10.2024 до 15.10.2024 година, учествуваа на интеркултурална
размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.
Размената подразбираше секојдневен ангажман на учениците и вработените во
едукативни работилници, културни активности, спортски натпревари, организација на мали
настани, креирање на радио емисии, подготовка на храна и одржување на хигиената во куќите во
кои беа учениците сместени, како и низа други активности со кои се стекнуваат животни вештини
и вештини на интеркултурална комуникација. За време на викендите беа организирани излети во
блиските градови посети на некои знаменитости.
Во интеркултуралната размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија,
учествуваа учениците: Лили Андовска, Ања Трајковска, Бојана Најдовска, Мила Петковска, Марија
Станинова, Никола Стојановски, Кристијан Перков и Малена Настова. За да биде се какошто
треба, се погрижи Драгана Тевчева, професор по Физика во Гимназијата.