Учениците од Училишната заедница при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, со
одговорниот професор Жанет Јанев – Сарагиновски, присуствуваа на промоција на
книгата „Шепотено“ од полскиот автор Павел Беренсевиќ. Промоцијата се одржа во
просториите на „Европска куќа“ во Велес.
Присутните ученици имаа можност да се запознаат со животот и делото на познатиот
писател Беренсевиќ, чии книги од неговото творештво биле споменувани на многу
престижни литературни конкурси.