Промоцијата на двојната интерактивна стихозбирка „Македонствување“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во соработка со издавачката куќа „Збор“
беа организатори на промоцијата на двојната интерактивна стихозбирка
„Македонствување“ која ја сочинуваат стихозбирките „Мудровезби“ и „Грутка во
грлото“. Автор на стихозбирките е роднокрајната авторка Десанка Николова. На овој
настан присуствуваа учениците од 1-2 и 1-4 клас со одговорните професори Атанас
Зафиров и Весна Павлова.
Промотор на стихозбирката беше професор Анита Станинова Мирчева, која со
чест, гордост и восхит пред присутните ја пренесе својата мисла за значењето на
стихозбирката. Таа истакна дека од секој стих на Николова звучи мислата за чување на
сѐ наше македонско, македонскиот јазик, македонската култура и традиција,
македонскиот идентитет и македонските духовни вредности.
Како основач на издавачката куќа „Збор“, кон присутните се обрати Емилија
Златкова Анастасова, која изрази задоволство, бидејќи оваа издавачка куќа стои зад
овој значаен поетски ракопис.
Настанот беше збогатен со музичкиот настап на учениците: Михаил Петковски,
Кристина Станишева, Ива Ракиџиева и Филип Настов од Гимназијата „Кочо Рацин“
под менторство на професорот Атанас Зафиров и членовите од МДПС „Премиера“, кои
преку изведба на перформанс го истакнаа вистинското значење на стиховите во
стихозбирката „ Македонствување“.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: