Промоцијата на книгата „Презимето кај Македонците“ од проф.д-р Елка Јачева – Улчар

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Учениците Милена Димова, Јана Пљокова, Нина Митевска, Теодора Панова и
Матеја Андреева со одговорниот професор по Македонски јазик и литература Весна
Павлова беа дел од промоцијата на книгата „Презимето кај Македонците“ од проф.д-р
Елка Јачева – Улчар, лингвист и автор на повеќе научни трудови, добитник на наградата
за животно дело „Гемиџии“ за 2023 година.
Учениците прочитаа извадоци од книгата преку кои имавме можност да слушнеме
за историјата и потеклото на презимињата карактеристични за македонската нација, како
и за новите презимиња кои се присутни во нашето поднебје. Промотори на книгата беа
Татјана Алексиќ, професор по Македонски јазик и литература во гимназијата „Раде
Јовчевски – Корчагин“ и Игор Радев, доктор по лингвистика во Одделението за
лингвистика при МАНУ. Настанот беше збогатен со музичкиот настап на професорите
Елена Ѓорѓиевска и Игор Андреевски од музичкото училиште „Стефан Гајдов“.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den