Прво место на зонските натпревари во одбојка
Женската одбојкарска екипа на Гимназијата, повторно не израдува. Со сигурна и доминантна игра, издвојувавме две максимални победи со што се пласиравме помеѓу четирите најдобри екипи во регионот. Гимназијата ја претставија учениците: Катја Зафирова, Марија Пренџова, Ања Трајковска, Сара Арсеновска, Михаела Димитриева, Ива Ќимова, Ана Куновска, Меланија Ристовска и Моника Данаилова. Упатуваме честитки за одбојкарките.
Тука не застануваме, следна цел ни е пласман на државното првенство.






