На ден 15.10.2024 година, дваесеттина ученици од нашата Гимназија со одговорната професорка Жанет Јанев – Сарагиновски земаа учество на работилницата по повод Денови на Erasmus+ програмата во месец октомври. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Europe House Велес, организираше интерактивна работилница и дискусија на тема „Кариерно советување и доживотно учење“. На истата беше презентирана EPALE платформата и можностите кои таа ги нуди во рамките на Erasmus+ програмата.