Денес во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во соработка со
Младинскиот центар- Велес и Европска куќа- Велес, се одржаа работилници, за
Медиумска писменост. Поради големиот интерес на нашите гимназијалци, се
реализираа две работилници, на која учествуваа, педесетина ученици од прва до
четврта година, под координаторство на одговорната професорка на Медиумскиот
клуб „Гимназијалец“, Магдалена Сарагинова.
Работилниците на тема: „Вештачката интелигенција и новинарството“ ги
водеше Стефани Манева, новинарка од Дума, во соработка со Ирина Јорданова и
Ивана Јордева. Целта ни е, новите генерации што доаѓаат во Гимназијата да ја
разберат важноста на новинарството, да научат како да ги користат медиумите и
да ги пренесат сопствените мислења преку продукција на содржини, наменети за
млади луѓе. Да научат како да дојдат до информациите кои им се потребни, како
да се информираат на правилен начин зашто честопати медиумските содржини
можат да бидат полувистинити или целосно неточни т.е. лажни. Средошколците
научија како да ги проверуваат изворите на информации, а истовремено дознаа и
повеќе информации, за влијанието и примената на вештачката интелигенција во
секојдневниот живот.
Голема благодарност, до реализаторите на работилницата, кои преку
индивидуални дискусии, интерактивни вежби и квиз натпревар, успеаја да допрат
до нашите средношколци.







