Работилницата „Менталното здравје кај младите како предизвик на новото време“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На работилницата „Менталното здравје кај младите како предизвик на новото време“, која се
одржа во „Европска куќа“ – Велес, учествуваа и ученици од нашето училиште.
Преку интерактивни вежби, учениците заедно со предавачите од Центарот за развој, едукација и
советување, активно учествуваа во работилницата чијашто цел беше да се истакне важноста на
менталното здравје кое е од суштинско значење за здрав развој на младите, како и начините за
грижа за менталното здравје.

Работилницата се спроведе во рамките на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“
финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на
Општина Велес, УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den