На 3 април 2024 година, во Хотел ,,Гарденија’’ се одржаа две работилници на тема
,,Врсничко насилство и булинг меѓу младите’’ и ,,Инклузија и конструктивни наративи’’.
На работилниците учествуваа две групи на ученици и наставници од нашата Гимназија,
заедно со претставници од сите средни училишта во градот Велес.
Активностите на работилниците се имплементираа во рамките на проектот ,,Млади
за инклузија, еднаквост и доверба’’, финансиран од страна на Фондот за мир на
Обединетите нации, имплементиран од УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women. Обучувачи
беа Владимир Караев и Љупка Ристовска, од Здружение на граѓани РУБИКОН, Скопје.
Низ интерактивност, примери и активности, учениците се запознаа и ги проширија своите
познавања за некои од следниве знаења и вештини:
– Видови и форми на врсничко насилство;
– Мерки, можности и начини за превенција и справување со врсничко насилство и булинг;
– Различни аспекти на различноста (етничка припадост, култура, религија, пол итн.);
– Несвесна пристрасност, стереотипи и микроагресија во однесувањето на поединците;
-Конструктивни комуникациски вештини: активно слушање, ефективни повратни
информации и несогласување со почит;
– Емпатијата и разбирањето на различните перспективи;
– Стратегии за промовирање инклузивност и справување со дискриминација или
пристрасност;
– Предлози на младински иницијативи.
Одговорни наставници:
Соња Трајчева
Александра Стојановска