Гимназијата „Кочо Рацин” го започна чествувањето на Патрониот празник на училиштето со
предвидените свечени активности и пригодна програма. Празнувањето започна вчера, на 13
декември, со одржување на филозофската мултимедијална работилница „Рацин и
Богомилите“. Работилницата ја водеше професорот по филозофија д-р Бошко Караџов и на
истата учениците ги продлабочија своите знаења за содржините на филозофските текстови на
Коста Солев Рацин, особено за неговите три судии за богомилското движење.
Целта на работилницата беше, како што вели и самиот Рацин во неговата студија Богомилите –
кратка расправиа от историата македонска: „Да се говори за такви работи што се вечни и што
остануат на поколениата што идат – љубов за слободата, правдините, како и за недогматичната
мисла и за истината што се открива по тој пат”.
Свечената програма продолжува и денес со Ораторската вечер на тема „Јазикот – тоа е голема
сила на народот, на нацијата“.