„Рацин и филозофијата“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод Патрониот празник на Гимназијата, продолжи циклусот предавања и работилници на тема: „Рацин и филозофијата“, преку кои учениците стекнуваат знаења за значењето на Рациновите есеистички статии и прилози. За таа цел, овогодинешното чествување на Рацин продолжи со филозофската работилница на тема:  „Рацин и насмевката на Мона Лиза“ во која учениците од четврта година се запознаа со содржините на Рациновата статија „Блазирани глупости за насмевката на Мона Лиза“ и неговите филозофски погледи за улогата на уметноста во општеството. Дополнително, учениците имаа можност да ги проследат оргиналните фотографии, работните белешки, дописните картички, изворните документи, книжевно – поетските ракописи и други архивско – историски материјали поврзани со Кочо Рацин. Работилницата ја подготвија и реализираа професорите: д-р Бошко Караџов и м-р Пале Трпкова.  

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den