Во рамките на училиштниот спортски клуб УСК „ВЕЛЕШКА ГИМНАЗИЈА” и спортските проектни активности, наставниците Зоран Јованов и Методија Костов, реализираа еднодневна планинарска тура на релација Велес – с.Ореше – манастирски комплекс Св.Ѓорѓија – водопад на Орешка Река и обратно. Учество земаа учениците од 1-3 и 3-2 клас.
Убавото сончево време и прекрасната природа што ја нуди овој дел од Азот ни овозможија да уживаме во реализацијата на предвидената програма.







