На покана на ООУ „Кирил и Методиј“ – Велес, а по повод Патрониот празник на училиштето, денес (19 мај) со учениците од билингвалната паралелка успешно ја реализиравме пешачката т.н. „хикинг“ тура која започна од училиштето „Кирил и Методиј“ до врвот на ридот Вршник и обратно.Оваа активност се реализираше во рамките на спортските проектни активности на нашето училиште. Во релаксирана и забавна атмосфера учениците се запознаа со дел од темите кои ги разработуваме на проектната активност како што се: планинарска опрема, планинарски маркации, опасности…
Дел од учениците за првпат ја запознаа и истражија непосредната градска околина.
Поминавме убаво сончево претпладне со надеж дека поттикнавме и всадивме кај учениците љубов кон природата за повторно враќање кон неа.
Одговорни наставници:
Зоран Јованов и Мартин Димов