На редовната седница на Општинскиот Совет за превенција од детско
престапништво, присуствуваше проф.Весна Павлова, претставник од СОУ
„Гимназија Кочо Рацин“. Од страна на претседателот на Општинскиот Совет за
превенција од детско престапништво, Менка Андреева, на седницата се разгледа
предлог-програмата за работата на ОСПДП во 2024 година, како и факторите кои
доведуваат до несоодветно однесување на младите и начинот на кој можеме да
овозможиме соодветна заштита и едукација. За таа цел планирани се повеќе
едукативни работилници за одделни целни групи (ученици, родители, наставници),
одржување на трибини и дебати со ученици од основните и средните училишта во
градот.
Во наредниот период во нашето училиште ќе продолжи реализацијата на
активностите за превенција од врсничко насилство преку работилници организирани
од педагошко – психолошката служба и дефектологот во училиштето заедно со
учениците.