Учениците од СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, постигнаа солидни резултати на регионалниот круг од Економската олимпијада 2026, организирана од Иститутот Либерална Алтернатива. На истата од нашата Гимназија на националниот круг на натпреварот се пласираа пет ученика.
Најдобро рангирана е Марија Спасеска од IV-3 клас, која со освоени 97 поени го освои првото место во регионот и доби награда лаптоп. Меѓу најуспешните се и Александра Панова од IV-2 клас , Сара Секуловска и Јана Пљокова од IV-1 клас и Ивона Ѓорѓиевска од IV-3 клас, кои исто така се пласираа во следната фаза.
Со постигнатите резултати, учениците уште еднаш го потврдија квалитетот на наставата и посветеноста кон економските науки во училиштето. Гимназијата е горда на постигнувањата на своите ученици, давајќи им понатамошна поддршка во подготовките за националниот круг, каде што ќе имаат можност да ги истакнат своите знаења со најдобрите ученици од државата.







