На 20.XII 2023 година, се одржа уште една интерактивна работилница, по повод Патрониот празник. Овојпат, централна тематика на настанот беше науката и нејзината огромна важност за иднината на човекот. Настанот беше организиран, под закрило на Активот по природни науки.
Програмата ја водеа учениците: Кристијан Мартинов и Ивана Јанкуловска, кои подготвија интересни факти од науката, како и квиз насловен ,,Еурека!“. Во квизот учествуваа ученици од прва до четврта година, а победата ја однесе Тимот 2, со име ,,Ајнштајн“, со неколку поени предност пред Тимот 1, ,,Сократ“. Настанот беше надополнет со научно видео со наслов ,,Енигматска клетка: Битие на животната увертира“, подготвено од учениците, како и излагање на ученичката Јана Пљокова на тема ,,Подемот на вештачката интелигенција“. Во текот на целата активност, ученичката Лили Божиновска од прва година, сликаше прекрасен уметнички цртеж со мотиви од вештачката интелигенција.
Публиката, пред сè, се забавуваше, но, исто така, доби нови знаења за круцијални аспекти на науката, занимливости и факти. На крајот, сите присутни професори и ученици, со гласен аплауз ги афирмираа организаторите.