„Сите да сме сити”

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Хуманитарната акција на Училишната заедница „Сите да сме сити” продолжи и оваа
година. Истата започна пред еден месец, кога сите ученици од Гимназијата донираа
храна и облека од кои беа направени пакети и поделени на социјално загрозените
семејства во градот. На 28 декември 2023 година, на најпрометното шеталиште во
градот, на штанд со рачно изработени новогодишни украси и честитки, подготвени од
учениците на Гимназијата под менторство на професорката по Ликовна уметност,
Јулијана Михова, како и штанд на кој се продаваа палачинки и топол чај, се собраа
дополнителни средства, кои бидат наменети за хуманитарни цели. Се надеваме дека со
ваквите хумани проекти ќе продолжиме во иднина, а единствена цел ни е да им
помогнеме на оние на кои помошта им е неопходна.
Одговорни професори на Училишната заедница:
Жанет Јанев – Сарагиновски
Благица Аризанова – Шопов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den