Традицијата е водич кон иднината пренесувајќи вредности, знаење и култура низ времето.
СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ ја почитува традицијата и повеќе години по ред е добитник на
признанието НАЈДОБРО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ОБЛАСТА НА УЧИЛИШТНИОТ СПОРТ.
Успехот е постигнат како резултат на следниве постигнати резултати во изминатава година:
– второ место на Државно првенство – карате кати;
– второ место на регионално натпреварување – ракомет машки, без претрпен пораз, само со
послаба гол разлика не се пласира на државно првенство;
– второ место на регионално натпреварување – футсал женски;
– второ место на зонски натпреварувања во одбојка, ракомет и кошарка женски.
Продолжуваме да чекориме по патот на успехот. Успех, ништо помалку!