Во организација на СУС Велес, со поддршка на Општина Велес, во текот на вчерашниот ден на сите спортски терени во општината се одржа спортски настан „Спорт за сите – од градинка до матуранти“.
Настанот промовираше симбол на заедништво, спортски дух и иднина во која вложуваме сите заедно.На настанот учествуваа ученици од различни возрасни групи, од градинка до завршните класови во средните училишта. Целта е да се поттикнат здрави навики и физичка активност кај младите, да се промовира употребата на спортските објекти во училиштата и да се покаже дека спортот е важна инвестиција во иднината на нашите деца.
Гимназијалците спортисти под менторство на своите наставници по спорт активно се вклучија во настанот.