Среќни пензионерски денови

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Оваа учебна година своите пензионерски денови ги започна нашиот почитуван колега,
Славчо Давитковски, професор по наставниот предмет Спорт и спортски активности во
„Гимназијата Кочо Рацин“ – Велес.
Професорот Славчо Давитковски, повеќе од триесет години работен век, одговорно и
посветено се соочуваше со сите професионални предизвици и секогаш беше подготвен
несебично да го подели своето знаење со учениците во Гиманзијата. Неговата
долгогодишна посветеност во областа на спортот и севкупната воспитно – образовна
работа на училиштето, неговото знаење и несебично споделување на искуството,
оставија длабоки траги во генерациите ученици кои имаа чест да учат од него. На
нашиот драг колега му посакуваме добро здравје и среќни пензионерски денови.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den