Свечено доделување на дипломи

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Генерацијата матуранти 2020/2024 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ –
Велес го заврши своето четиригодишно образование. По тој повод на 19 август
2024 година во кафе бар „Пиано“ на свечен начин им се доделија дипломите.
На оваа свечена пригода им беа доделени и признанија на најдобрите ученици –
првенци.
За првенец на прва година е прогласена ученичката Ања Трајковска од I-1 клас.
Во генерацијата на втора година како најдобра беше прогласена ученичката Јана
Пљокова од II-1 клас. Од трета година со епитетот најдобар се здоби ученичката
Василка Карталова од III-1 клас. Во генерацијата матуранти која оваа година го
заврши своето образование како најдобра се истакна ученичката Марија Кочова
од IV-2 клас.Посебна чест ни претставуваше да го прогласиме првенецот на СОУ
„Гимназија Кочо Рацин“. Честа да биде прогласен за најдобар меѓу најдобрите му
припадна на ученикот Кристијан Мартинов од II-3 клас.На присутните им се обрати
директорот на Гимназијата, г-дин Илија Попов кој ги поздрави матурантите и им
посака понатамошен успех во нивниот живот и образование.Традиционално кон
матурантите се обрати и еден од класните раководители. Оваа генерација ја
поздрави професорот Марјан Стојановски. Свеченоста беше збогатена со
настапот на учениците од нашето училиште:Ива Ракиџиева и Михаил Петковски.

https://youtu.be/4Gxoltjoc5s

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den