Генерацијата матуранти 2021/2025 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
– Велес го заврши своето четиригодишно образование. По тој повод на 15.08.2025
година на хотел „Гарденија“ на свечен начин им се доделија дипломите.
Оваа свечена пригода беше соодветна да им се доделат признанија и на
најдобрите ученици – првенци. За првенец на прва година е прогласен ученикот
Aнгел Димов од 1-2 клас. Во генерацијата на втора година како најдобра беше
прогласена ученичката Ања Трајковска од II-1 клас. Од трета година со епитетот
најдобра се здоби ученичката Јана Пљокова од III-1 клас. Во генерацијата
матуранти кои оваа година го завршија своето образование како најдобра се
истакна ученичката Ана Бошкова од IV-2 клас.
Посебна чест ни претставуваше да го прогласиме првенецот на СОУ „Гимназија
Кочо Рацин“ – Велес. Честа да биде прогласен за најдобар меѓу најдобрите му
припадна на ученикот Кристијан Мартинов од III-3 клас.
Оваа година на ученичката Ана Бошкова за нејзината посветеност, креативност и
активна вклученост во бројни училишни и вонучилишни активности и беше
доделено почесно признание.
Традиционално кон матурантите се обрати и еден од класните
раководители. Оваа генерација ја поздрави професорката Тања Чипевска. Драги
матуранти, никогаш немојте да заборавате дека бевте ученици на една од
најстарите и воедно најдобрите Гимназии во Македонија. Тоа воедно и ве
задолжува и во понатамошното образование и во животот да станете вредни
работници, примерни граѓани, добри родители кои ќе оставаат белег во
живеењето и напредокот на нашиот град.