Како дел од активностите реализирани по повод одбележувањето на Патрониот
празник, е и квизот со наслов „Светот преку странските јазици“ подготвен и реализиран од
страна на Активот по странски јазици при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. На овој настан
учествуваа околу триесет ученици од основните училишта и се натпреваруваа во пет категории
на прашања поврзани со државите во кои се зборуваат јазиците кои ги изучуваме во нашето
училиште. Учениците од основните училишта искажаа задоволство од учеството во овој
настан.