ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА“ ОД БРАНИСЛАВ НУШИЌ ПРЕД ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД НАШАТА ОПШТИНА

Младите актери од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, на 26 февруари, во салата „Бели мугри“ ја изведоа театарската претстава „Госпоѓа министерка“ пред деветтоодделенците од нашата општина. На тој начин тие се обидоа да им порачаат на учениците кои го завршуваат основното образование, а имаат афинитети кон сценскиот настап и актерската игра, дека како идни ученици на Гимназијата, би имале можност да го негуваат својот талент и да ги остварат своите желби да застанат на театарска сцена.

Театарската претстава беше топло примена од присутните кои ја проследија со внимание и заинтересираност. Младите актери беа наградени од публиката со громогласен аплауз што беше најголема пофалба и благодарност за трудот кој тие го вложиле во реализирање на претставата.

Со својата успешна актерска игра тие измамија искрени насмевки на лицата на својата публика.

Стручен актив по Македонски јазик и литература

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den