Нагледен час по Драмска уметност

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во годишната програма за работа на стручниот актив по Македонски јазик и литература,  покрај другите активности планиравме да се изведат и нагледни часови во наставата по овој предмет и изборниот предмет Драмска уметност кој е изборен предмет на учениците од четврта година од јазично – уметничкото подрачје.

На нагледниот час по Драмска уметност се реализираше наставната единица Режисерот и сите негови соработници од наставната тема Практични вежби по режија. Часот започна со повторување на содржините поврзани со театарот како медиум, основи на театарската и филмската продукција, композиција на драмата и драмски видови. На покана од страна на професорката по Македонски јазик и литература, Весна
Павлова, на наставниот час по Драмска уметност, учениците од четврта година од јазично – уметничкото подрачје ги посети Ненад  Витанов, режисер во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес. Во главниот дел од часот, со свое излагање за режисерската улога, тој ги запозна учениците со процесот на работа на режисерот и него
вите  соработници во театарот.

Истакна дека му претставува особено задоволство што е меѓу учениците од
Гимназијата и со нив може да ги сподели своите искуства.  Дел од разговорот беше
посветен и на неговиот сегашен ангажман како режисер во велешкиот театар
„Ј.Х.К. Џинот“.

Прекрасна е сликата кога на крајот од часот  ќе се видат задоволните лица на учениците, и од тоа што го научија и од тоа што го дискутираа на самиот час со режисерот. Ние нему му се заблагодаривме што ја прими поканата да биде наш гостин и му посакавме долга и успешна кариера.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den