Во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, во салата
„Бели мугри“ се одржа театарската претстава „Тивки жртви“ во изведба на
Младинското драмско – поетско студио „Премиера“. Претставата беше прикажана
пред учениците од средните училишта во градот. Истата ја проследија и учениците
од нашата Гимназија со своите одговорни професори.
На сцената младите актери ја прикажаа агонијата на жртвите на
насилството, доминантноста на појаките врз послабите, пренесувајќи силна
порака до младите да се негува другарството, почитувањето и различностите.
Проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ е финансиран од
страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на
Општина Велес и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во
соработка со УНФПА, УНЕСКО и UN Women.
