Учениците oд трета година од општествено – хуманистичкото подрачје, група А од нашата Гимназија, на ден 20.11.2025 година, реализираа стручна посета во Основниот суд Велес, каде што присуствуваа на реално судење.
Оваа актиност им овозможи поблиску да се запознаат со работата на судот,
текот на судските постапки и улогата на правосудните институции во
општеството.
Посетата претставува дел од правното образование и има за цел развивање
на правна култура, критичко размислување и активно граѓанство кај младите. Изразуваме благодарност до Основниот суд Велес за соработката и топлиот прием.
Одговорен наставник за реализација на активноста е м-р Пале Трпкова.







